Попустите се уште траат: Што да купувате во февруари

Колку и да ни се испразнети новчаниците од празниците од почетокот на годината, сепак февруари е иделен месец за купување.

Грижата како да заштедите доволно пари, а повторно да се купи се што е неопходно, лесно може да се реши ако купувате паметно и во вистинско време.

Што треба да се најде на листата за купување овој месец.

Фрст минут летувања

Уплатите за летување веќе наголемо се започнати, за рана резервација попустите се од 10 до 35 отсто. Раниот букинг дава големи попусти, а граѓаните имаат низа на начини за плаќање. Од друга страна има поголем избор на хотели и места кои што можат да ги најдат сега по поволни цени.

Парфеми и вино

Февруари е месец на љубовта па парфимериите вообичаено даваат попусти и до 40 остсто. Со ист повод на попуст се и чоколадите, тортите, бобоњерите, колачите...Од друга страна и љубителите на добро вино можат да уживаат и да купат квалитетни вина по намалени цени на Свети Трифун, денот на лозарите и на виното.

Венчаници, одела, бурма

Ако планирате венчавка, февруари е идеален месец за купување на венчаница од познати креатори и брендови, како и одело и бурма со попусти на саемите за венчавки. 

Некои салони даваат попусти дури и до 80 отсто. На попуст се и секаков вид на аксесоари за венчавки. Попустот трае до крајот на месецот.

Дрва

Иако грејната сезона е во полн ек, оние кои се искусни кажуваат дека сега е идеално време за снабдување со нови залихи на дрва за греење. Освен што цената е многу пониска споредено со летото и есента кога најчесто сите купуваат дрва, сега има залихи и може веднаш да ви бидат испорачани.

Зимска облека и обувки за деца

Специјализираните продавници за деца даваат попусти за зимска облека за одредени артикли со попуст од 20 до 50 отсто. Споредено со декември кога зимската обклека беше изгор скапа, сега можете да најдете дебели зимски јакни и чизми и за пола цена.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.