Објавен огласот: Државата ќе покрива 50% од трошокот за купување печки на пелети

4981 Views Февруари 12, 2018 Бизнис Редакција Емагазин

Министерството за економија го објави огласот за надоместување на дел од трошоците за купување на печки на пелети.

Според огласот објавен на веб страната на Министерството за економија по купувањето на печката за пелети, граѓаните ќе имаат можност да достават барање за надоместување на 50% од трошоците, но не повеќе од 500 евра по домаќинство. 

Доделувањето на субвенциите ќе се одвива по принципот „прв дојден, прв услужен“ и ќе трае до исцрпување на планираните финансиски средства.

Според Буџетот за 2018 година, Владата за оваа намена одвои 14 милиони денари.

Јавниот оглас трае до 31 август 2018 година, односно до исцрпување на проектираните средства за субвенционирање.

Заинтересираните граѓани ќе треба да достават пополнето барање за надоместување на дел од трошоците, доказ дека е извршено купување на печка за пелети (фискална сметка или фактура) и изјава заверена на нотар дека досега немаат искористено средства од државниот буџет за оваа намена.

Пријавите од домаќинствата треба да се достават до Министерството за економија.

Проектот за субвенционирање за користење печки на пелети стартуваше во 2016 година и беше проект на претходната Влада.

Детали за огласот може да видите ТУКА.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.