Владата склучи договори со две странски инвестиции, не се знае по кои услови

1261 Views Февруари 14, 2018 Бизнис Редакција Емагазин

Владата на вчерашната седница донесе одлуки за поддршка на две нови странски инвестиции.

Станува збор за компанијата за производство на лекови САГЕН која ќе гради фабрика во зоната во Бунарџик и  за компанијата ВИК која што работи во слободната зона во Прилеп.

Владата ја прифати одлуката за долготраен закуп на градежно земјиште за компанијата за производство на лекови САГЕН во Технолошко индустриската развојна зона Скопје 1.

Исто така Владата донесе одлука за доделување државна помош на Друштвото за производство, трговија и услуги ВИК Македонија ДООЕЛ с.Алинци, во Технолошко индустриската развоја зона во Прилеп.

Овие одлуки за нови инвеститори и поволности кои што тие ќе ги добиваат, Владата ги одобри кога новиот Законот за финансиска поддршка на инвестиции во кој се сублимирани мерките на Владата од Планот за економски раст се уште не е донесен.

Во овој Закон се пропишани новите услови кои што ќе ги имаат странските инвеститори кои што ќе инвестираат во Македонија.

Се отвара прашањето според кои услови Владата планира да даде државна помош и државно земјиште на странски инвеститор, дали според старите услови кои што се уште се на сила или според новите услови кои што само се најавени, а не се законски во сила.

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И СЛЕДНИТЕ СТОРИИ

Владата пред договор за државна помош со инвеститори, а новиот  закон за инвестиции не е донесен

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.