Македонските винарии се уште произведуваат повеќе наливно отколку флаширано вино

391 Views Февруари 14, 2018 Вино Никола Осило

И покрај постојаниот пораст на производството и подобрување на квалитетот на македонското вино во земјава се уште повеќе се произведува наливно отколку флаширано вино.

Најновите податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека лани во Македонија фунционирале 62 винарии кои произвеле 369.339 хектолитри вино на точење и 265.683 хектолитри вино во шишиња.

Со овој начин на производтво винариите губат од додадената вредност која ја носи продажбата на флаширано вино, а со тоа губи и државата, бидејќи станува збор за извозен производ.

Фото: wellgrowtravels.com

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!