„Трансверзалец“: Доставени информации до институциите за случајот со двајцата загинати планинари

На својот Фејсбук профил, планинарскиот кулб „Трансверзалец“ изрази сочувство за загинатите планинари Калина Велевска и Александар Миновски и информираше дека ги доставиле сите потребни информации до надлежните институции.

„Со жалење и неизмерна тага изразуваме сочуство за прерано изгубените животи на нашите Калина и Александар. Тие беа дел од нашата заедница и клубот, и ќе им недостасуваат на сите членови и планинари.

Уште еднаш искрено сочуство до нивните семејства и блиски. Двајцата другари и колеги планинари ќе ни недостасуваат бескрајно и секогаш ќе се сеќаваме на убавите спомени од сите наши заеднички акции. Почивајте во мир другари.

Дополнително во врска со официјалниот извештај, Клубот ги достави сите потребни информации до соодветните институции и ќе излезе со изјава во петок по завршувањето на истрагата и објавување на извештајот“, стои во информацијата.

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Фамилиите на загинатите планинари испратија писмо до Планинарскиот сојуз на Македонија

Федерацијата на планински спортови ќе ја истражува смртта на планинарите

Организаторите на турата на Кајмакчалан во која животот го загубија двајца планинари бараат молчење до извештајот

За врвот Кајмакчалан, каде што Калина и Александар трагично ги загубија животите

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.