Последен планинарски поздрав за Калина и Александар

4547 Views Февруари 15, 2018 Живот Редакција Емагазин

Планинарите Калина Велевска и Александар Миновски денеска беа испратени во нивното вечно почивалиште. Огромен број на пријатели, другари, роднини, планинари од цела Македонија се простија од нив. Капелите во Бутел беа претесни за сите кои сакаа да изразат сочувство до нивните семејства.

Се уште во шок, тага и неверување во воздух лебдеше прашањето меѓу присутните, што точно се случи тој ден и како е можно се да се заврши најтрагично.

Планинарското друштво „Трансверзалец“ кој беше организатор на турата на Кајмакчалан, каде што Калина и Александар ги загубија животите, ги поднел извештаите до надлежните институции.

Очекуваме, утре Федерацијата на планинарски спортови, но и сите надлежни институции да излезат со детали за случката, бидејќи она што сите го очекуваат е вистината и само вистината, за овој трагичен настан. Од вистината понатаму ќе произлезе се, поврзано со овој случај.

Од планинарските друштва, за следните месеци најавуваат голем број на активности преку кои ќе се покрене прашањето за безбедноста, кое засега, остана само на хартија, но не и во пракса.

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

„Трансверзалец“: Доставени информации до институциите за случајот со двајцата загинати планинари

Фамилиите на загинатите планинари испратија писмо до Планинарскиот сојуз на Македонија

Федерацијата на планински спортови ќе ја истражува смртта на планинарите

Организаторите на турата на Кајмакчалан во која животот го загубија двајца планинари бараат молчење до извештајот

За врвот Кајмакчалан, каде што Калина и Александар трагично ги загубија животите

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Најчитани вести