Драма за еден џоинт!

Девојка од Скопје испуши џоинт на улица во Скопје и објави видео на Фејсбук. Не е ни прва, ни последна која пушела марихуана по скопските улици, тоа сигурно.

Но, нејзниот „перформанс“ во пресрет на денот на канабисот, кој е веќе легален за медицинска употреба во Македонија предизвика „невидена“ драма и беше приведена од полицијата.

Приказната потсетува на Ана Каренина од Толстој. Сите имаат швалери, ама само Ана јавно признава, па е осудена од општеството и на крај завршува под воз.

Е, да, во Македонија во која се пуши марихуана со векови и која важи за тло, кое нуди одлични услови за нејзино одгледување, поседувањето и на еден џоинт за лична употреба е кривично дело.

Иако член 215 од Кривичниот законик (КЗ) на Република Македонија не предвидува санкција за поседување на дроги за лична употреба, во пракса оваа одредба се применува на начин што секој корисник на дрога кој ќе биде фатен и со најмало количество на наркотична дрога во него е обвинет и најчесто осуден за кривичното дело од член 215 од КЗ, без воопшто да биде докажана намерата за промет, односно трговија со наркотични дроги (ова е дело што се врши исклучиво со умисла).

Токму во тој правец неодамна здружението за канабис и зелени политики, БИЛКА, покрена кампања за декриминализација на марихуаната.

Во кампањата се вклучија познати јавни личности, меѓу кои и Дани Димитровска, Огнен Јанески, Мими Поп Алексова, Ирена Ристиќ, Марко Новески, Дарко Костовски, Цеце Трајковска, Наталија Теодосиева, Гоце САФ...

Ќе ги слушнат ли нивните пораки и функционерите на кои не им е непозната марихуаната, а богами и кокаинот, останува да видиме.

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Владата расположена за дебата за декриминализација на марихуаната

Адвокатот Сашо Дукоски смета дека тоа што девојката јавно пушела џоинт, не е кривично дело

Огромна посетеност на манифестацијата во Скопје посветена на марихуаната, пораките испратени

(ВИДЕО) Македонските музички ѕвезди и јавни личности за декриминализација на марихуаната

Низ светот марихуаната се продава во продавница, кај нас и поседување на еден џоинт е кривично дело

Се раздвижува пазарот за производство на масло од канабис, ќе падне ли конечно и цената

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.