(Фото) Гевгеличанецот Петков во обид да го искачи Монт Еверест: Молитвен обред во кој Лама се моли за нивните животи

Гевгеличанецот Ѓорги Петков е во експедиција на искачување на највисокиот врв во светот Монт Еверест (8.848 мнм) и се наоѓа во базниот камп на Еверест.

Тој на неговиот фејсбук-профил, но и преку планинарскиот спортски клуб Кожуф, каде што членува, известува за неговите секојдневни активности на планината.

„Денес имавме ПУЈА. Тоа е молитвен обред во кој Лама од соседниот манастир одржа молитва да ја умилостиви планината за да ни дозволи да се качиме,и да ги поштеди нашите животи. Церемонијата траеше два часа а потоа Ламата ни врза свилена марама и црвено конче на врат за среќа и успех.На крај шерпасите кои ќе не служат до врвот правеа Хималајска журка,со Еверест пиво“, обајви Петков.

Фото и извор:ЗПСК/Кожуф

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Најчитани вести