Доктор Петков починал од срцев удар при финалниот обид да го искачи Монт Еверест

За жал, лоши вести пристигнаа од Непал, доктор Ѓорги Петков од Гевгелија кој се обиде да го искачи највисокиот врв во светот Монт Еверест (8.848) , починал од срцев  удар во базниот камп 3, откако се подготвувал за финално искачување на највисокиот врв во светот, пишува thehimalayantimes.com.

Петков беше дел од експедицијата предводена од британскиот планинар и лидер за комерцијална експедиција, Тим Мосејдеј.

„Во тек се напори за спуштање на неговото тело во долниот логор", изјави шерпа Ками Нуру.

Според официјалните претставници на базниот камп, еден алпинист шерпа е сериозно повреден откако бил погоден од паѓање карпи и снег во близина на кампот 2, при што е на пат за лекување.

Фото: Фејсбук/Ѓорги Петков 

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

(Фото) Гевгеличанецот Петков во обид да го искачи Монт Еверест: Молитвен обред во кој Лама се моли за нивните животи

(Видео) Доктор Ѓорги Петков- шестиот Македонец во експедиција за освојување на Монт Еверест

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Најчитани вести