Истражување: Доволно ли се 35.000 денари за нормален живот?

Дури 21,8 % од македонските домаќинства сметаат дека за нормален живот се доволни парични средства од 25.000 до 35.000 денари месечно, покажува најновото истражување на Државниот завод за статистика.

Не е мал процентот на домаќинства од 14,5 % кои сметаат дека довволно за нормален живот месечно се меѓу 15.000 и 25.000 денари, а приближно ист процент односно 14,3 % од домаќинствата сметаат дека доволни за нормален живот се над 65.000 денари.

Тоа што голем процент од населението смета дека може да живее нормално со помалку од 35.000 денари месечно само го истакнува степенот на сиромаштија во земјава и фактот дека голем број од граѓаните ги прилагодуваат своите потреби односно се откажуваат од многу работи за да можат да го истуркаат месецот, што според многумина е нормално, иако не би требало да биде.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!

Најчитани вести