По 66. мажи: Стејси Канингем прва жена директор на Њујоршката берза

Њујоршката берза, првпат од своето основање пред 226 години, ќе има жена раководител.

Стејси Канингем, која ја почна кариерата како трговец на Њујоршката берза, ќе стане 67.претседател на таа берза.

Тоа значи дека двете најпознати берзи во светот ќе бидат предводени од жени. Адена Фридман стана генерална директорка на Насдак на почетокот на 2017 година.

- Канингем, која сега е оперативна директорка на Њујоршката берза, ќе стане претседателка во петок, соопшти Меѓународната берза.

Сегашниот претседател на најголемата берза во светот, Томас Фарли ќе ја води инвестициската компанија Фар Поинт. 

МИА

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.