Украдените боци за кислород од тимот на доктор Петков, пресудни за неговиот срцев удар

Водачот на Меѓународната експедиција Еверес 2018, во која учествуваше и гевгелискиот алпинист д-р Георги Петков, англичанецот Тим Моусдејл на социјалните мрежи објави дека им се украдени боците со кислород, пишува gevgelijanet.com.

Тоа го констатирале на 18. мај во вечерните часови. Екипата била видно вознемирена од недостатокот на опремата - боците со кислород, бидејќи тие се неопходни на висини над 4-5.000 метри, поради разредениот воздух и слабата концентрација на кислород.

Наместо редовната почивка во 19 часот, кога членовите на експедицијата одат на спиење, зошто искачувањата им почнуваат со првите зраци на зората во 3:30 часот, таа ноќ останале без сон дури до 8:56 вечерта кога е објавен постот.

„Боци со кислород им недостасуваат на неколку тимови, како и на нашиот тим. Тоа не само што го загрозува текот на експедицијата, туку и животот на планинарите. Какво гадно однесување“ напишал водачот на групата меѓународни алпинисти Тим Моусдејл.

Kолегитe интернисти на Петков од Општата Болница во Гевгелија, се посомневаа во дијагнозата и дадоа оценка дека сигурно се работи за „cardiac arset“ - престанок на работа на срцето поради недостаток на кислород.

„Срцевиот арест е нагло губење на функцијата на срцето кај лице кое можеби, или не мора да има дијагностицирана срцева болест. Времето и начинот на смртта се неочекувани. Се јавува веднаш или кратко по појавата на симптомите“, велат од Американската здравствена Асоцојација.

Најчеста причина за срцев арест е коронарната болест, а такви проблеми немал доктор Петков. Помалку чести причини се недостаток на кислород, многу низок калиум, срцева слабост и интензивна физичка активност.

Симптомите на срцев арест се ненадејни и кобни, а се манифестираат со: ненадеен колапс, немање пулс, престанок на дишењето и губење на свеста. Дијагнозата се потврдува со немање пулс, бидејќи запира протокот на крв кон остатокот од тело. И, токму недостатокот на боците со кислород дополнето со интензивната физичка активност со искачувањето од Камп 2 до Камп 3, биле пресудни за срцевиот арсет за Петков.

извор: gevgelijanet.com

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Доктор Петков починал од срцев удар при финалниот обид да го искачи Монт Еверест

(Фото) Гевгеличанецот Петков во обид да го искачи Монт Еверест: Молитвен обред во кој Лама се моли за нивните животи

(Видео) Доктор Ѓорги Петков- шестиот Македонец во експедиција за освојување на Монт Еверест

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Најчитани вести