На семејството на загинатиот алпинист Петков, потребни им се средства за да се донесе телото

На социјалните мрежи се апелира, за граѓаните финансиски да помогнат, телото на доктор Георги Петков да се донесе во Македонија и да почива во мир во својата земја.

„Замина со својот сон за висините. Потребна е нашата помош да помогнеме на семејството да може телото да се транспортира во Македонија и да почива во мир во својата земја.

Сите вие кои сте во можност да помогнете и донирате тоа може да го направите со донирање на следнава жиро-сметка 2707000046828251 Халк Банка - Емил Петков.

Да помогнеме на семејството кое покрај оваа загуба во моментов се бори да ги собере потребните парични средства за да го транспортираат телото“, се вели во апелот на социјалните мрежи.

Во него се потсетува, за жалната вест за смртта на македонскиот алпинист Георги Петков кој од 24 март тргна на мисија за освојување на највисокиот врв на светот Монт Еверест.

„63-годишниот доктор специјалист инфектолог од Гевгелија при подготовка за последното искачување кон врвот, починал од претрпен срцев удар. Тој се наоѓал во Базниот Камп 3 на 7.200 метри надморска височина и колабирал при подготовките за финалната рута на искачување кон врвот Монт Еверест од јужната страна, која се простира на територија на Непал.

Ѓорги Петков, во изминатите десетина години се има искачено на сите највисоки врвови, на речиси сите континенти. Започнува со Елбрус, највисокиот врв во Европа, висок 5.642 метри, па потоа следат е врвот Килиманџаро највисокиот врв во Африка висок 5.895 метри, следуваат Аконгаква - највисокиот врв во Јужна Америка, висок 6.962 м.н.в., Арарат - со височина од 5.174 метри и врвот МекКинли на Алјаска висок 6.183 метри.

Највисоката височина до која се искачил до сега доктор Петков е врвот Ленин Пик, во Киргистан, висок 7.200 метри, додека најблиску до Монт Еверест се нашол кога, како член на Балканска експедиција се искачува на врвот Island Peak, на Хималаите, врв висок 6.198 метри, од каде се гледа, со сета своја величина и убавина, Монт Еверест. Тука за прв пат, како што вели Петков, ја користел екстремната алпинистичка опрема и токму на овој врв му се раѓа сонот, еден ден и тој да застане на „покривот на светот““, се додава во апелот за помош на семејството на доктор Петков.

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Општина Гевгелија даде средства за префрлање на телото на Петков кој почина на Хималаите

Украдените боци за кислород од тимот на доктор Петков, пресудни за неговиот срцев удар

Доктор Петков починал од срцев удар при финалниот обид да го искачи Монт Еверест

(Фото) Гевгеличанецот Петков во обид да го искачи Монт Еверест: Молитвен обред во кој Лама се моли за нивните животи

(Видео) Доктор Ѓорги Петков- шестиот Македонец во експедиција за освојување на Монт Еверест

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.