DHL во Македонија – 25 години лидер на пазарот на експресната достава на пратки и логистика

DHL Македонија годинава одбележува 25 години постоење во земјава со претставување на досегашните успеси и достигнувања, како и презентирање на глобалната стратегија за одржливо бизнис делување, глобално и во земјава.

DHL Македонија е лидер на пазарот на експресната достава на пратки и логистика во Македонија, со доминантно пазарно учество во полето на курирскиот транспорт, обезбедувајќи секојдневна поддршка на над 4000 компании и институции во земјава во нивната меѓународна комуникација.

Лидерската позиција на DHL се должи на силната позиција на брендот, долгогодишното присуство на пазарот и високиот степен на квалитетна услуга и задоволство на клиентите.

DHL од самиот почеток е насочен кон иновации и воведување на нови технологии и нови услуги за своите корисници, како и корпоративна стратегија за одговорно бизнис делување.

Како општествено одговорна компанија, DHL глобално и локално се концентрира на заштитата на животната средина (GoGreen), управувањето со катастрофи и овозможување помош (GoHelp), образованието (GoTeach) и поддршка на волонтерите (Global Volunteer Day, Living Responsibility Fund).

Преку програмата GoGreen за заштита на животната средина, DHL групацијата дефинираше нова глобална цел: Нула емисија на штетни гасови до 2050 година.

„Одржливоста одамна стана едно од најважните прашања на нашето време. Нашиот придонес кон поголема одржливост низ целиот свет е зелената логистика. За да реализираме поодржлива иднина, важно е да размислуваме пошироко и  визионерски. Нашата нова мисија за одговор на климатските промени е да се намалат емисиите поврзани со логистиката до нула до 2050 година, а DHL Македонија се подготвува за да ги пресретне зацртаните цели“ – изјави Радослав Нановиќ генералниот директор на DHL Македонија.

За да успее во остварувањето на оваа визија за логистика, DHL воспостави голем број на амбициозни времени цели низ главните акциони области на нивната стратегија за одржливост.

До 2025 година, 70% од превземањата и доставите DHL ќе ги извршува со електрични или ниско загадувачки возила и велосипеди. Во рамките на својата стратегија за заштита на животната средина, DHL ќе едуцира и сертифицира 80% од своите вработени, вклучувајќи ги во своите GoGreen бизнис решенија. Истотака, заедно со своите партнери, ќе засади еден милион дрва годишно низ земјите во кои оперира.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Најчитани вести