Општина Гевгелија даде средства за префрлање на телото на Петков кој почина на Хималаите

Советот на Oпштина Гевгелија, на вонредна седница синоќа, донесе едногласна одлука за издвојување на 600.000 денари од буџетот на општината за што побрзо префрлање на телото на починатиот доктор и алпинист Георги Петков од Катманду во Гевгелија.

Роднините на Петков вчера отворија донаторска сметка наменета за собирање пари кои недостасуваат за целосно покривање на потребната сума за транспортирање на телото на починатиот доктор од Непал до Гевгелија, но со оглед на тоа дека собирањето на пари на овој начин може да потрае подолго време, а сумата е ургентно потребна, Советот на општината едногласно реши да се издвојат потребните средства од буџетот.

Доколку средствата што ќе бидат собрани преку донаторската сметка ја достигнат сумата од 600.000 денари, тие, како беше речено на седницата, ќе бидат вратени во буџетот, а доколку собраната сума биде помала од издвоената, разликата ќе се смета како донација од општина Гевгелија.

Членот на Планинарското друштво „Кожуф“ од Гевгелија, докторот инфектолог Георги Петков, на 20 мај почина од срцев удар во обид да се искачи на највисокиот врв во светот, Монт Еверест.

МИА

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

На семејството на загинатиот алпинист Петков, потребни им се средства за да се донесе телото

Украдените боци за кислород од тимот на доктор Петков, пресудни за неговиот срцев удар

Доктор Петков починал од срцев удар при финалниот обид да го искачи Монт Еверест

(Фото) Гевгеличанецот Петков во обид да го искачи Монт Еверест: Молитвен обред во кој Лама се моли за нивните животи

(Видео) Доктор Ѓорги Петков- шестиот Македонец во експедиција за освојување на Монт Еверест

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.