За 48 часа во Европа регистрирани над половина милион молњи

391 Views Јуни 6, 2018 Свет Никола Осило

Порталот за известување за екстремни временски прилики Severe Weather Europe објави дека во периодот од 3 до 5 јуни во Европа се регистрирани повеќе од 600.000 молњи и грмежи.

Најмногу молњи се регистрирани на подрачјето на Франција, Швајцарија, Австрија, Словенија, Хрватска, Унгарија, Србија, Романија, Бугарија, Грција и Турција.

Под пораката се појавија голем број коментари – дека атмосферата е полна со електрицитет, „лудило“, додека еден коментар беше дека „се ближи судниот ден“.

МИА/Фото:altaz.com

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!