Семејните буџети на удар: Поскапеле зеленчукот, овошјето, месото, сирењето...

Трошоците на животот во мај 2018 година, во споредба со мај 2017 година забележаа пораст од 1,7 %, а цените на мало забележаа пораст за 3,1 %, соопшти Државниот завод за статистика.

Трошоците на животот во мај во однос на претходниот месец се зглемиле за 1 %, а а цените на мало за 0,7%.

Пораст на цените има кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирот и другите коренести плодови за 13,1 %, цигарите за 5 %, свежото и разладеното овошје за 2,3 %, замрзнатото овошје за 1,3 %, другите прехранбени производи за 0,7 %, месото за 0,6 %, алкохолните пијалаци за 0,5 %, сирењето и урдата за 0.4 %, сушениот зеленчук, другиот конзервиран и преработен зеленчук за 0,3 %, рибата и морските плодови и безалкохолните пијалаци за 0.2 %.

Пораст на трошоците на животот е забележан и кај туристичките пакет-аранжмани за 12,1 %, парамедицинските услуги за 7,2 %, течните горива за домаќинствата за 7%, услугите за сместување за 5,9 %, болничките услуги за 5,5 %, течните горива и мазива како дел од опремата за сопствени сообраќајни средства за 4,6 %, дисковите, касетите, дискетите, цедеата, филмовите за 4,3 %, информатичката опрема за 2,9 %, гасот за домаќинствата за 2,4 %, обувките, телефон и телефакс-опремата за 1,1 %, теписите и другите покривки за под за 0.7 %, услугите за лична хигиена за 0,5 %, канцеларискиот материјал и материјалите за цртање за 0,4 %.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!