Драма во маркет во Скопје: Продавачки и го спасиле животот на директорката по напад од разбојник

4021 Views Јуни 10, 2018 Локално Никола Осило

Секторот за внатрешни работи до надлежното Основно јавно обвинителство-Скопје ќе поднесе кривична пријава против Д.Ј.(34) од Велес, поради постоење основи на сомнение дека сторил едно кривично дело „Разбојништво во обид“ предвидено и казниво по член 237 од Кривичниот законик, соопшти МВР.

„Имено, горепријавениот, кривичното дело го извршил на 27 мај околу 20,30 часот во маркет лоциран на улица „Шекспирова“ каде облечен со дуксер со качулка и безбол капа на главата влегол во канцеларијата на раководителот и прво со закана со нож од истата побарал да му ги даде парите од сефот, а потоа ја нападнал со палка за електро шок, при што и нанел повеќе телесни повреди по телото.

Веднаш по нападот, додека Д.Ј. се’ уште бил на местото на настанот, во канцеларијата влегле две вработени во маркетот, кои физички му се спротиставиле при што успеале делумно да го совладаат, но истиот успеал да избега. По преземени мерки лицето е лишено од слобода на 07-ми овој месец“, соопшти МВР.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!