Кој е побогат, Заев или Димитров?

Премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи, Никола Димитров деновиве се топ тема не само во Македонија, туку и во Грција.

Грчките медиуми објавија дека имаат различни ставови за решавање на наметнатиот спор за името, а тие двајцата со заеднички фотографии објавени на Фејсбук се обидоа да ги демантираат натписите во медиумите.

Колку и двајцата се на иста линија за решавање на спорот за името, ќе покаже времето, а во меѓувреме еМагазин Ви пренесува каков имот пријавиле до Антикорупциска.

Според анкетниот лист, кога станал пратеник (кој е идентичен со неговиот премиерски анкетен лист), Заев не поседува недвижен имот на свое име, ниту автомобил.

Пријавил куќа од 400 метри квадратни во Струмица проценета на 18,4 милиони денари на име на родителите, на чие име пријавил и земјиште проценето на 2,5 милиони денари.

На име на родителите пријавил и стан и деловен простор, а на свое име има пријавено само побарување од 4,3 милиони денари.

Целиот негов анкетен лист, ОВДЕ.

Според анкетниот лист, Димитров пак пријавил, на свое име, стан во Скопје од 102 метри квадратни, проценет на 5,5 милиони денари, на име на децата стан во Скопје од 59 метри квадратни, проценет на 2,5 милиони денари и како заеднички имот-стан во Хаг, од 138 метри квадратни, проценет на 19,4 милиони денари.

Поседува и Мерцедес Б180, вреден 800 илјади денари, а од кирија месечно заработува 30,8 илјади денари.

Чува и пари во банка, а има и кредит од 17,2 милиони денари, кој ќе го тплаќа до 2044 година.

Целиот негов анкетен лист, ОВДЕ.

Фото: Фејсбук/Заев/Димитров

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Антонио Милошоски: Министерот Димитров си бара нова работа

(Фото) Заев и Димитров возејќи мотори покажаа дека се на иста линија околу спорот за името

Грчките медиуми тврдат дека Заев и Димитров ја расипале „калимерата“ за спорот за името

Кој прв ќе се повлече по евентуално решение за името, Заев или Димитров?

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.