Се отвара ли шанса за Македонија: Хан бара мнозинско наместо едногласно носење одлуки во ЕУ

Европскиот комесар за проширување и соседска политика Јоханес Хан се заложи за мнозинство донесување одлуки во надворешната политика на ЕУ.

Во синоќешната дискусија на австриската државна телевизија ОРФ, Хан рече дека доколку не се усвои систем на мнозинско носење одлуки, ЕУ никогаш нема да стане глобален играч.

Тој истакна дека доколку се задржи системот на едногласно усвојување на одлуки за се и сешто, ЕУ никогаш нема да може да бидат делотворни и конкурентни со другите играчи, како што е Кина.

Според него, на есен, Европската комисија ќе поднесе предлог за премин од принципот на едногласно донесување одлуки на мнозинскиот гласачки систем.

Хан истакна дека примерот со претседателот на САД, Доналд Трамп, јасно покажува дека ЕУ нема природни сојузници, туку само партнери и мора да се потпре сама на себе.

И шефот на дипломатијата на Луксембург Жан Аселборн се изјасни за укинување на едногласното одлучување во надворешната политика. Тој рече дека станува се потешко да се постигне единствен став за важни прашања.

МИА

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!