Улични артисти од цел свет ќе ги забавуваат скопјани до 17 јуни

Фестивалот на улични изведувачи „Баскерфест“ ќе започне денеска на градскиот плоштад „Македонија“ во 19 часот.

„Градскиот плоштад „Македонија“, шест дена од 12-17 јуни ќе биде претворен во уличен театар под отворено небо со улични артисти од Јапонија, Индија, Аргентина, Франција, Шпанија, Бразил, како и млади македонски музичари и светски баскер-бендови.

За најмладите ќе има и детска едукативна работилница, едукативен корнер за животни, како и неколку интеркативни игри. Во склоп на „Баскерфест“ ќе има и интерактивни инсталации поставени на целиот плоштад, како и натпревар за креативни уметници. За фудбалските фанови, по повод престојното Светско фудбалско првенство, ќе има спортски забавен корнер“, информираат организаторите.

Фестивалот, традиционално е под покровителство на Град Скопје.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.