Почина Игор, детето околу кое се обединија хуманите граѓани за да го испратат на лекување во Турција

Игор Геленчев, детето околку кое се обединија сите хумани граѓани за жал ја загуби битката со болеста.

И покрај тоа што беше опериран во Турција, не успеа да се спаси.

„Почина Игор Геленчев, јунакот за кој сите се кренавме на нозе и дониравме е за да може да замине на операција во Турција.

Додека ние дониравме никој од Фондот за здравство или од Министерството за здравство не се јави да праша зошто собираме пари или да не упати во Фондот или како и во некои претходни случаи да ја контактира мајката за да ја упати или помогне. Во овој случај граѓаните беа побрзи од институциите кои за овој случај молчат. 

Многу прашања ни останаа отворени: 

- Зошто Игор не доби конзилијарно мислење?

- Зошто не се најдоа тројца доктори да го утврдат тоа?

- Зошто министерот преку кој се ургираше за Игор не се јави на докторите да го примат за итен случај туку Игор беше примен како обичен случај - иако го кажа тоа?

- Зошто докторот кој го прими даде дозвола да патува во Турција со крварење во мозокот и да го пушти дома, со тоа дека "за конзилијарно треба три доктори а вечер тешко да ги најдеме" ?

- Зошто додека Филип беше сместен во Систина повторно никој од здравствениот систем повторно не праша што е со Игор, зошто е во Систина и зошто приклучен на апарати не е во државните клиники?

- Како ниту еден доктор не го виде туморот кој се појавил кај Игор?

- Дали ако здравствениот систем беше координиран ќе дојдеше до ова?

- Дали ова ни е уште еден случај како на малата Тамара?

И да добиеме одговор на овие прашања Игор нема да ни се врати.И да одговара некој за ова Игор нема да ни се врати. Но премолчување ова што се случи значи дека и на многу други може да им се случи.

Сочуство до семејството на Игор. Игор се бореше до крај, сега ќе биде меѓу ангелите во еден помирен свет“, се вели во Група на здравствениот срам.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Најчитани вести