Кој го советуваше Заев за името

Македонскиот премиер Зоран Заев, немаше посебни советници за преговорите со името со Грција.

Како што неодамна за еМагазин информираа од Владата, тој ги користеше советниците кои веќе ги има за надворешна политика, Дане Талески и за евроинтеграции, Бојан Марчиќ.

За преговорите за името со Грција, Заев контактирал и со членови на МАНУ, амбасадори, преставници на дијаспората...

„Претседателот на Владата на Република Македонија во рамките на домашните активности поврзани со преговорите, кои се одвиваат под медијаторство на Организацијата на Обединетите Нации, е во постојан контакт со засегнатите страни во нашава земја со цел да се изгради општа и прифатлива достоинствена рамка решенија.

Покрај редовните консултации со политичките субјекти одржани се и серија на консултации со научно истражувачката заедница, членовите на МАНУ, амбасадори и дипломати членови на Дипломатскиот клуб, како и со претставници на дијаспората и се разбира граѓанските организации во земјава“, одговорија тогаш од Владата за еМагазин.

Фото: Влада

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Договорот помеѓу Македонија и Грција на македонски јазик

Сите детали: Грчки нон-пејпер, што прифатила Македонија?

Влада: Македонските граѓани сами ќе си ги платат трошоците за промена на документите

Влада: Македонската химна нема да се менува

Влада: АРМ и другите државни институции ќе добијат нови имиња во „духот“ на договорот

Ќе добие ли и СДСМ ново име: Што предвидува договорот помеѓу Македонија и Грција

Ќе помине ли договорот помеѓу Македонија и Грција во македонскиот и грчкиот парламент

Кога името Северна Македонија ќе се употребува внатре во државата

Регистарските таблички ќе бидат со ознака НМК, кодовите ќе бидат МК и МКД

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.