Промена на името: Колку гласови ќе бидат потребни да за успее референдумот за Република Северна Македонија?

Македонија доживува историски моменти и се најде на своевидна раскрсница по најавата за разрешница на спорот за името со предлогот Република Северна Македонија.

По потпишувањето на договорот меѓу Македонија и Грција останува граѓаните на референдум да се изјаснат дали прифаќаат промена на името што го отвара прашањето колку гласови би биле потребни за предлогот Северна Македонија да биде прифатен.

На последните избори во избирачкиот список беа евидентирани 1.814.644 избирачи.

Според регулативата за референдум одлука за менување на границата на Република Македонија и одлука за стапување или истапување од сојуз или заедница со други држави се усвоени на референдум ако на референдумот за нив гласало мнозинството од вкупниот број граѓани запишани во Избирачкиот список.

Одлуките на референдумот на државно ниво се сметаат за усвоени ако за нив гласале мнозинството од вкупниот број граѓани кои гласале, доколку гласале повеќе од половината од вкупниот број граѓани запишани во Избирачкиот список, освен во случаите кога за одделни прашања со Уставот и со овој закон поинаку не е утврдено.

Ако се земе предвид последниот избирачки список, математиката покажува дека за да успее рефрендумот треба да излезт на гласање околу 908.000 лица.

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Договорот помеѓу Македонија и Грција на македонски јазик

Сите детали: Грчки нон-пејпер, што прифатила Македонија?

Влада: Македонските граѓани сами ќе си ги платат трошоците за промена на документите

Влада: Македонската химна нема да се менува

Влада: АРМ и другите државни институции ќе добијат нови имиња во „духот“ на договорот

Ќе добие ли и СДСМ ново име: Што предвидува договорот помеѓу Македонија и Грција

Ќе помине ли договорот помеѓу Македонија и Грција во македонскиот и грчкиот парламент

Кога името Северна Македонија ќе се употребува внатре во државата

Регистарските таблички ќе бидат со ознака НМК, кодовите ќе бидат МК и МКД

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!