Отец Пимен за промената за името: Не имало и кога немало Устав, а ако се „јадеме“ ќе не нема

Не стивнуваат реакциите по објавениот договор со Грција и прифаќањето на македонската Влада, името да се смени во Република Северна Македонија.

Отец Пимен многу често се произнесува за актуелни политички теми, па така, на својот Фејсбук-профил, објави и свој став во врска со промената на името.

„Нè имало и кога немало Устав. Нè имало и кога имало додавки како Македонија Прима и Македонија Секонда. Нè имало кога сме се обединувале во идејата да нè има повикувајќи ги соседите под знамето на слободата. Од ум и од пизма ќе не снема, а не од договори, устави и додавки или лоши соседи.  Ако се јадеме едни со други математиката е јасна. Ќе нè има се помалку“, напиша Пимен.

Фото: МКД

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.