(Фото) Александар „крвари“ за договорот: Како Давид на Микеланџело стана топ вест во Грција

Фото-монтажа од пред неколку години на која статуата Давид на познатиот светски уметник Микеланџело Бунароти е прикажана како „крвари“ ги зовре социјалните мрежи во Грција, јавува дописникот на еМагазин од Солун.

Фото-монтажата заврши и на насловна страна на грчки весник, но и на многу портали, но „преставена„ како Александар Велики, кој „крвари“ поради договорот за името помеѓу Македонија и Грција.

На крај откако беше „откриено“ кој е кој, најчестите коментари беа дека граѓаните кои себе си си се преставуваат како големи патриоти и не го “даваат„ Александар, всушност и не знаат како тој изгледа.

„Обвинетите„ патриоти пак возвратија дека во антиката сите статути се кажи-речи исти.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.