Пратениците гласаа: Сестрата на Катица Јанева стана член на Комисијата за хартии од вредност

1151 Views Јуни 14, 2018 Бизнис Никола Осило

Собранието на Република Македонија денеска го започна продолжението на 46. седница, откако едвај успеа да собере доволен број пратеници за кворум.

Владејачкото мнозинство ги изгласа новите членови на Комисијата за хартии од вредност - Лиле Делиџакова, Кирил Јовановски и Зоран Колев, а беа донесени и измените на Законот за лековите и медицинските средства, на Законот за царинска управа и за градежните производи, како и предлог одлуката за општите акти на Народниот правобранител.

Лиле Делиџакова е сестра на специјалната обвинителка Катица Јанева.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!