ЕК предложи поголем буџет за проширување на Европската Унија

Европската Комисија денеска предложи да се зголеми буџетот за процесот на проширување на ЕУ. Предлогот е дел од сѐвкупниот план на Комисија да се зголоми буџетот на Унијата за надворешни работи, вклучително и аспекти како хуманитарната помош.

Претпристапниот инструмент, со новиот буџет, би се зголемил за 13 отсто, на 14, 5 милијарди евра за периодот од 2021 до 2027.

Разликата со претходниот инструмент е што новиот би бил фокусиран на фундаментални приоритети на Унијата како владеењето на правото, јавната администрација и економските реформи. До сега инструментот се дефинираше по земји, а не по приоритети.

Новот пристап, смета ЕК, ќе овозможи подобра мониторинг врз реформите во земјите кандидатки.

„Зголемениот и реформиран буџет ќе ни овозможи да продолжиме да работиме со оние земји кои се одлучени да се придружат кон ЕУ“, изјави Јоханес Хан.

Предлог-буџетот на ЕК треба допрва да биде прифатен од Парламентот на ЕУ и земјите членки.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!