Колку заработуваат членовите на Управниот и Надзорниот одбор на „Гранит“

745 Views Јуни 14, 2018 Бизнис Никола Осило

Во Годишниот извештај објавен преку Македонската берза, Гранит АД Скопје информира за вкупните надоместоци кои минатата година им се исплатени на членовите на Управниот и Надзорниот одбор.

„Управниот одбор на „Гранит“ е составен од 5 члена за кои во 2017 година исплатени се 1.186.600 денари, на име нето надоместоци за вршење на работите како ченови на Управен одбор.

Надзорниот одбор на „Гранит“ го сочинуваат 3 членови за кои во 2017 година исплатени се 741.000 денари, на име нето надоместоци за вршење на должноста членови на Надзорен одбор“, соопшти компанијата.

Фото: Гранит

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!