Адвокатски куќи од САД и Британија разгледуваат можност со тужба да спречат промена на името

Македонското меѓународно движење за човекови права им наложи на Даути Стрит Чемберс, меѓународна адвокатска фирма лоцирана во Лондон, и Фридман Боид Холандер Голдберг Урајас и Уард ПА (Freedman Boyd Hollander Goldberg Urias & Ward PA), со седиште во САД, да советуваат за тужби против поединци и држави кои севклучени во промената на името на Македонија.

ММДЧП долго време се залагаше за завршување на антимакедонските преговори за името, истакнувајќи дека промената на името на Македонија претставува кршење на основните човекови права и ќе ја уништи македонската етничка припадност.

Ненси Холандер (Фрименд Бојд Холандер Голдберг Уријас и Уард) вели дека името на една земја е многу повеќе од само нејзиното име.

„Тоа е од основно значење за идентитетот на нејзиниот народ. Затоа, ги истражуваме сите можни правни можности во судовите на САД кои ММДЧП може да ги користи за да спречи било каква промена на името на Македонија ", изјави Холандер.

Татјана Етуел (Даути Стрит Чемберс) вели дека името на Македонија е од централно значење за идентитетот на македонскиот народ.

„Тековниот спор меѓу Грција и Македонија за името на Република Македонија не е само технички спор, туку има далекусежни последици за македонскиот народ во однос на нивниот етнички и национален идентитет и признавањето на македонскиот јазик. Ги испитуваме правните можности во рамките на ОН и европските рамки за човекови права кои му се достапни на ММДЧП во нивната кампања за ставање крај на преговорите за името ", изјави Етуел.

Бил Николов, претседател на ММДЧП вели дека Македонците нема да дозволат актуелните политичари да го променат нашето древно име, идентитет и етничка припадност.

„Очекуваме и бараме меѓународната заедница да ни помогне во одбрана на нашите најосновни човекови права и веднаш да стави крај на антимакедонските преговори за името. Промена на името на една цела етничка група за да ги смири своите угнетувачи ја нарушува секоја конвенција за човекови права што Западот тврди дека им се при срце“, вели Николов.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!