Тунтев: Придобивките од Договорот се бесценети, ВМРО-ДПМНЕ да расчисти со криминалот во партијата

Договорот за којшто треба да се изјасниме е висок патриотски чин, носи иднина, за државата и за сите граѓани. Овој Договор го гарантира македонскиот идентитет. Македонски народ, Македонец, Македонка, македонски.

Ова денеска го истакна координаторот на пратеничката група на СДСМ и коалицијата, Томислав Тунтев.

„ВМРО-ДПМНЕ прво треба прво да расчисти со криминалот во сопствените редови и да земе учество во процесот кој овозможува граѓаните сами да одлучат за европска, односно европска македонска иднина.

ВМРО-ДПМНЕ мора да сврти нова страница, доколку сака да фати чекор со светлата иднина на нашата државата. Нашата придобивка од Договорот што го потпишаа Владите на Македонија и на Грција е бесценета. Добиваме зајакнат идентитет и гаранција за безбедност, стабилност и просперитетна иднина на нашите граѓани“, рече Тунтев.

Тој додаде дека потпишувањето на договорот е само првиот чекор кој води кон она што нашите граѓани го заслужуваат и 27 години го очекуваат.

„Следува ратификација на договорот која што ќе обезбеди покана за членство на Македонија во НАТО и датум за почеток на преговорите за членство во Европската унија. Потоа обезбедуваме можност граѓаните на Република Македонија да се изјаснат на референдум за ова многу важно и историско прашање, самите непосредно да одлучат за иднината на сопствената држава.

Овој народ заслужува сам да се изјасни за иднината на сопствената држава за својата сопствена иднина и за иднината на своите деца.Како држава и ние како Собрание и пратеници имаме историска шанса да го трасираме нашиот пат кон Европската унија и НАТО и да создадеме успех за нашите граѓани“, додаде Тунтев
 
Фото: СДСМ

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во работата на Собранието за Договорот со Грција

Пратениците дадоа зелено светло договорот со Грција да се разгледува по скратена постапка

Мицкоски: Нема да излеземе на улиците, ќе дејствуваме во Собранието 

Собранието утре ќе го ратификува договорот со Грција

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.