Владата ги менува критериумите за субвенции: Се прави ли простор за влез на нова нискобуџетна авиокомпанија?

531 Views Јуни 19, 2018 Бизнис Никола Осило

Владата на денешната седница треба да ја разгледа информацијата во врска со потребата за донесување на Уредба за изменување и дополнување на Уредбата за начинот, поблиските критериуми за доделување на финансиска поддршка на домашни и странски авиопревозници и потребната документација која треба да се достави од корисниците на финансиската поддршка.

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска изјави дека субвенционирањето продолжува и оти заложбата е што повеќе летови да бидат насочени кон Охридскиот аеродром.

„Ќе може да се пријават сите компании кои се заинтересирани што значи дека продолжуваме со субвенцирање на нискобуџетските компании со насочување кон Охридскиот аеродром“, истакна Сугарески.

Тој не сакаше да открие повеќе детали околу критериумите во тендерот, но се очекува да бидат направени подобрувања на моделот за субвенционирање.

Овој месец истекува договорот за субвенционирање потпишан со нискобуџетската авиокомпанија „Визер“.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!