Само 20% од населението со пристап до интернет направило нарачка онлајн

Само 20% од населението со пристап до интернет направило нарачка онлајн, што ја става Македонија на дното, единствено пред Црна Гора, рече Нина Ангеловска, косопственик и директор на Grouper.mk и Претседател на АЕТМ во рамки на промоцијата на извештајот од сеопфатната анализа за е-трговијата во Македонија насловен „Подготвеност, потенцијал, фактичка состојба, бариери и препораки за развој на е-трговијата во Република Македонија”, инициран и изработен од првата Асоцијација за е-трговија на Македонија, а поддржан од Mastercard.

„Според направената анализа, Република Македонија има голем напредок во обезбедување на потенцијал или неопходни услови за обавување на е-трговијата во однос на 2010 година и во споредба со земјите од регионот има обезбедено подобри услови за развој на е-трговијата“, рече Ангеловска.

Предложени се сет мерки насочени кон понудата и кон побарувачката, за раст и развој на е-трговијата и тоа препораки насочени кон компаниите учесници на пазарот односно кон подобрување и зголемување на понудата во е-трговијата и препораки насочени кон побарувачката односно крајните корисници во е-трговијата (населението).

„Потребно е зголемување на свеста и капацитетите на ММСП за е-трговијата, но и едукација на населението за јакнење и зголемување на дигиталните вештини зошто 49% од анкетираните е-трговци како најголем предизвик го наведуваат наоѓањето на соодветен кадар за работа, а од оние кои не нарачале онлајн, како една од причините го наведуваат немањето на потребни вештини.

Ревидирање на постоечкта регулатива и нејзино усогласување со европската е уште еден чекор кон раст на е-трговијата. Преку воведување на регистар на е-трговци ќе се помогне за нивна промоција, но и ќе се овозможи сигрност на потрошувачите. Даночните олеснувања и субвенции за достава при извоз се уште еден механизам преку кој може да се помогне на е-трговците“, додава Англеловска.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Најчитани вести