„Пуцко петрол“ доби тендери тешки над 15.000.000 евра за само една недела

733 Views Јули 4, 2018 Бизнис Никола Осило

Компанијата „Пуцко петрол“ само во изминатава недела доби три тендери тешки речиси 15,1 милиони евра, покажуваат документите објавени преку Бирото за јавни набавки.

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје (ЈСП) по распишаиот тендер за набавка на гориво еуродизел БС склучи договор со друштвото за производство, трговија и услуги „Пуцко петрол“ увоз-извоз ДООЕЛ с.Пласница.

Вредноста на склучениот договор со вклучен ДДВ е 944.000.000 денари (околу 15 милиони евра), а главен критериум за доделување на договорот беше најниската цена.

Министерството за правда по распишаниот тендер за набавка на гориво за возила на бензиски станици со безготовинско плаќања за службените моторни возила склучи догговор со друштвото за производство, трговија и услуги „Пуцко петрол“ увоз-извоз ДООЕЛ од село Пласница.

Вредноста на склучениот договор со вклучен ДДВ е 2.124.000 денари (околу 34.000 евра), а главен критериум за доделување на договорот беше најниската цена.

Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија по распишаниот тендер за набавка на екстра лесно масло за горење за грејната сезона 2018/2019 склучи договор со друштвото за производство, трговија и услуги „Пуцко петрол“ увоз-извоз ДООЕЛ од село Пласница.

Вредноста на склучениот договор со вклучен ДДВ изнесува 3.000.000 денари (околу 50.000 евра), а критериум за доделување на договорот беше најниската цена.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!