Катастрофални податоци за природниот прираст во Македонија во периодот 1994-2017 година

Катастрофални податоци за природниот прираст во Македонија во периодот 1994-2017 година открива најновата публикација на Државниот завод за статистика за природното движење на населението.

Поинаков заклучок е невозможно да се донесе ако се земе предвид дека според публикацијата, во 1994 година во земјава биле родени 31.421 дете, а оваа бројка лани се намалила на 21.754 деца.

Бројот на умрени во 1994 година изнесувал 15.649 лица, а лани оваа бројка се зголемила на 20.318 лица.

Природниот прираст во Македонија во 1994 година изнесувал 15.772 лица, а лани оваа бројка се намалила на само 1.436 лица.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!