OJO за смртта на Илиевски: Нема видливи траги на насилство, телото е дадено на обдукција

Според првичните информации, кај починатиот поп-пејач Влатко Илиевски не биле видливи траги на насилство, соопшти Основното јавно обвинителство Скопје. Дежурен јавен обвинител од ОЈО работи на расветлување на причините за смртта на 33-годишниот Илиевски.
 
Како што претходно објави МВР, неговото безживотно тело било пронајдено синоќа во 23 часот во автомобил „тојота“ на улицата „Трета македонска бригада“ во Скопје.

Јавниот обвинител издал наредба за обдукција на починатиот, како и насоки за прибирање траги пронајдени на лице место на кои ќе претстои вештачење.

- Возилото е запечатено и, исто така, е предадено на вештачење. Се преземаат сите дејствија за да се утврдат причините за смртта, наведува ОЈО во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Погребот на Илиевски ќе се изврши утре во Ѓорче Петров во 12 часот

Пејачот Влатко Илиевски пронајден мртов во својот автомобил

Миа за Влатко Илиевски: Тажно е што не знаеме да препознаеме кога некој тоне

 

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.