(Фото) Хрватската претседателка најпопуларна политичарка на фудбалското првенство

Хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ е најпопуларната политичарка на Светското првенство во фудбал во Русија, судејќи според објавите и реакциите на социјалните мрежи, пренесуваат хрватските медиуми.

Таа е во центарот на вниманието во медиумите со нејзиното бодрење на хрватската репрезентација, која синоќа ги совлада домаќините и обезбеди пласман во полуфиналето на ова првенство.

„Играјте за неа, нашата сакана, посилно нека чука срце огнено“, гласи една од пораките на Колинда за репрезентацијата.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.