(ВИДЕО) Ердоган даде заклетва: Од денеска цела власт во Турција во рацете на еден човек

248 Views Јули 9, 2018 Балкан Никола Осило

Ветувам дека ќе бидам достоен лидер на сите граѓани на Турција, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган на церемонијата на неговата инаугурација за новиот претседателски мандат што се одржа на плоштадот пред претседателската палата „Бештепе“ во Анкара.

„Ќе се трудам да бидам достоен на довербата на 81-милионската нација, вклучително и на оние Турци кои не гласаа за мене. Денеска го означуваме почетокот на една нова Турција. Се надевам дека претседателскиот систем на управување ќе придонесе за идниот развој на земјата“, порача Ердоган во обраќањето.

Со почетокот на новиот мандат на Ердоган, стапија во сила уставните измени со кои Турција се трансформира од парламентарна во претседателска република.

Според Еродган, првап по распадот на Отоманската Империја, Турција направила „историски избор не под притисок или со воен удар, туку преку слободно изразување на волјата на турскиот народ“.

„Во новиот период на својот развој, земјата ќе оставри напредок во сите правци, од демократијата и почитувањето на човековите права, до економијата и крупните инвестиции“, истакна Ердоган.

Тој ја нагласи дека Турција ќе ја засили својата моќ, ќе проодлжи да ја развива одбранбената индустрија и ќе ги штити своите граници.

На церемонијата, на која присуствуваа над 50 шефовии на држави или влади и претседатели на парламенти од целиот свет, требаше да има и свечен дел, но тој беше откажан поради синоќешната железничка несреќа во северозападниот дел на Турција, при која загинаа 24 лица, а 124 беа повредени. Наместо свеченоста, по обраќањето на Ердоган се одржа молитва за жртвите на несреќата.

Претходно, денеска Ердоган пред пратениците во турскиот Парламент положи свечена заклетва, со што официјално почна да тече неговиот нов претседателски мандат.

По полагањето на свечената заклетва во Парламентот со која се обврза на почитување на Уставот, Ердоган го посети мавзолејот на основачот на Турската Репубика и прв претседател на Турција, Мустафа Кемал Ататурк.

Според најавите, вечерва Ердоган ќе го објави и составот на неговата Влада. Според извори на претседателскиот кабинет, новата Влада ќе има 16 наместо досегашните 23 министри, како и девет високи комисии задолжени за различни сектори.

Со уставните измени, функцијата премиер се укинува и претседателот на државата, воедно е и шеф на владата.

Првата седница на новиот Кабинет треба да се одржи на 13 јули.

Ердоган беше реизбран за претседател на изборите на 24 јуни со повеќе од 52 проценити од гласовите и доби мандат да управува со земјата во следните пет години.

Се претпоставува дека на 15 јули, на двегодишнината од неуспешниот државен удар, Ердоган ќе ја укина вонредна состојба и ќе потпише указ со кој ќе биде укината забраната за патување во странство на околу 180.000 турски граѓани.

МИА/Фото/Видео:Sputnik/TRTinterantional

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!