(Фото) Кои се хероите кои ги спасија децата од пештерата: Помеѓу нив и Србин кој ја раскажа операцијата

Србинот Иван Караџиќ кој живее на Тајланд од 2007 година учествуваше во спасувањето на децата заробени во пештерата. Тој за српски „Новости“, раскажа дека откако ги пронашле целта било да ги сочуваат живи и да ги однесат на сигурно.

Но во тоа биле спречени од дождот, најавените монсуни, мрачниот и тесен премин кон пештерата и недоволно кислород.Во меѓувреме еден од нуркачите почина во обидот за да изнурка поради недостаток на кислород.

Во разговор за „Новости“, тој откри дека цело време биле на терен, но не дозволувале да ги совладеат емоции.

„Премногу сум уморен. Спиев само по три-четири часа. А потоа ме чекаа премногу предизвикувачки задачи- изјавил Караџиќ.

Тој со години работи како инструктор по нуркање, а посебна специјалност му е нуркање во подводни пештери.

Никогаш не учествувал во слична мисија, спасување на деца во вакви услови кога конфигурацијата на теренот била доста опасна.

„Поминувавме по саат иполовина пешки, пред да нурнеме. Има нагли успони и падови. Нема видливост. Водата е матна, а низ некои премини може да помине само нуркач без боца на кислород“, изјави Караџиќ.

Спасувачката акција траеше три дена, а на еден искусен нуркач за пристап до местото на кое се наоѓаа децата и враќање назад, му беа потребни 11 часа.

Денеска сите 12 деца беа извлечени од пештерата каде беа заглавени од 23 јуни кога влегле во неа после тренинг.

Фото/Фејсбук-профил на Иван Караџиќ

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.