„Катимерини“: Грција протера двајца руски дипломати, Русија се обидела да интервенира во спорот за името

568 Views Јули 11, 2018 Балкан Никола Осило

Грчката влада одлучи да протера двајца руски дипломати и да им забрани влез во Грција на други двајца, поради мешање во внатрешните работи на земјата и активности против националната безбедност на Грција, пишува грчкиот весник „Катимерини“.

Дипломатски извори на весникот ги споменуваат и напорите на Русија да интервенира во чувствително прашање, како што е договорот меѓу Грција и Република Македонија за името, а со тоа негативно да влијаат на улогата на Грција на Балканот.

Атина ги обвини руските дипломати дека се обидувале да добијат незаконски информации и да поткупат грчки државни службеници.

Според високи грчки дипломатски извори, Атина повикува на итно протерување на двајца руски дипломати, меѓу кои и Виктор Јаковлев од руската амбасада, и протерување на уште двајца.

Истите извори забележуваат дека тоа се случува по многубројните координирани напори за проширување на руското влијание во Грција, вклучително и преку активности на Императорското православно палестинско општество.

Изворите посочуваат дека Грција продолжува да бара добра соработка со Русија и ги охрабрува пријателските односи меѓу двете земји, но додава дека ова е можно само  при почитување на суверенитетот на секоја земја.

Според изворите, за парична награда, руските дипломати са обидувале да го придобијат влијанието на митрополитите во грчката православна хиерархија, на Света Гора.

Руското Министерство за надворешни работи соопшти денеска дека ќе преземе соодветни мерки откако Грција најави дека ќе протера двајца руски дипломати.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!