Драстично зголемување на бројот на странски туристи во Македонија

173 Views Јули 12, 2018 Бизнис Никола Осило

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во мај 2018 година изнесува 104.034, а бројот на ноќевањата изнесува 211.234.

Бројот на туристите во мај 2018 година, во однос на мај 2017 година, е зголемен за 8.0 %, а бројот на ноќевањата е зголемен за 5.6 %.

Бројот на домашните туристи во мај 2018 година, во однос на мај 2017 година, е зголемен за 1.2 %, а бројот на странските туристи е зголемен за 11.2 %.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во мај 2018 година, во однос на мај 2017 година, е намален за 4.8 %, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 12.4 %.

Во периодот јануари – мај 2018 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 15.1 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 7.8 %, а кај странските има зголемување за 19.0 %.

Во периодот јануари – мај 2018 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 13.6 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 5.4 %, а кај странските има зголемување за 19.1 %.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!